Актерот Сашо Тасевски смета дека референдумот е наместен да не успее:
Да сум власт сам ќе го искинам оној предавнички договор со Бугарија, не го ни прашувам народот.
И знам Македонците ќе речат: Фала богу што го скина директ, без помпа во јавност, па чекај, па да размислиме…
Сакам да кажам…
Се знае дека сите ние, без предавниците од СДС и петтоколонашите со нив, сакаме тој договор да биде уништен одма.
Но, тие предавници и петоколонаши се на власт. Нивно е казиното, нивни правилата на игра, они ги баждарат рулетот и автоматите и ти сега велиш: Ќе влезам во нивново казино и пепел ќе ги сторам.
Не може тоа. Го јадеш.
Ќе излезеш ко покакан.
Така и со референдумот.
Јас ќе влезам во него и ќе гласам да се поништи тој бугарашки договор, ама се плашам дека е наместен да не успее.
Ако е така, после него сите ќе бидеме уште позасрамени.
Тешко ќе биде.
Имате членство на СДС кое е буквално малоумно и кое стварно верува дека не е страшно ако бугаризиран влезеш во ЕУ и дека тогаш сите ќе заборават каква цена си платил за велепредавството.
Душа боли што сме толку немоќни и изгубени пред петтата колона наместо да ги искинеме со заби.
Опозицијата се кара меѓу себе. Ти си глуп, а тебе ти смрдат чорапите.
А бе соберете се, подајте си рака, да бараме избори одма, да ги прегазиме предавнициве, па потоа одма да се поништат сите купопродажни договори што ги направија на наша штета како народ.
Ништо и не барам друго во вашите програми за да гласам за вас.
Поголеми плати и богатства не ветувајте. Сите знаеме дека сме во колапс.
Ветете само дека ќе ни го вратите достоинството пред светот.