Село Арачиново, за повеќето од нас,
познато по нарко картел и албанска иридента, оп милион евра подарок од владата за некакви канали канализации, а она што некогаш беше Македонска опера и балет потона во мрак од неплатена струја.
Секаде во Европа ова би била скандалозна вест.
Странците не знаат дека оние милион евра и тие милиони дадени пред нив се воени репарации што ги плаќаме за загубената војна во 2001.
И да ви кажам, какви сме, не ни треба ни опера ни балет.
Башка какво невреме е пред нас, никој нема ни да помисли на опера балет и театар.
Па уште ако се знае дека имаме министерка за култура која е КВИСЛИНГ и која уметноста ја доживува како турбо фолк забава, можете комотно зградата на операта, филхармонијата, театарот да ги пренамените во катни гаражи.
Слободно. Мислите ќе забележи некој?
Не бе. Народ со ампутиран дух и празни џебови, не забележува такви работи.