Ме споделиле на некој портал, она за каснатата од куче кучкарка. И имаш под тоа 200 коментари за мене од други кучкари.
Се гледам у огледало и си велам: За истиот човек ли пишуваат?
Толку сум пореметен?
Една ми нуди да ми плаќа психијатар колку треба, па да и оставам трансакциска.
Друг дава предлог да ме начекале и да ми ги несскаат џукелите.
Трета вели ваквите ко мене стануваат убијци и психопати.
Четврта предложи да кренат шатори, да ми спијат пред зграда со транспаренти против мене. И на наплатни рампи да ме чекале. Секаде каде што одам.
И како глумец сум бил најлош.
Една ме нарекува резидент ивл, осми патник, Мајкл Маерс и Фреди Кругер во едно. А бе Хитлер учел од мене.
Еден од кучкариве беше најкреативен; Џукелите скопски да ми ја ебеле фамилијата.
И така….
Ко ќе ми текне само дека сите овие богобојажливи милозливи христијани полни со љубов кон кучињата, збор не изустија кога им го менуваа името и сега кога им го бришат јазикот, потеклото и идентитетот. Збор не кажуваат кога дете ќе настрада од глутница кучиња, а камо ли возрасен. Тоа за нив е нормално, зашто заслужиле. Кучињата се секогаш фини. Ах колку би биле од корист на шпанските инквизори. Подобри не би нашле. Колку само повеќе вештерки би изгореле во Салем да биле таму.
Веројатно планираат да се преселат во некој кучешки рај, ко ќе дојдат да ги избркаат од дома оние кои ги бришат како народ, ко ќе им го купат станот за едно евро ако им е животот мил, ко ќе губат работни места зашто се Македонци, ко ќе шефуваат над нив оние кои ги избришале од историјата сегашноста и иднината.
Што е важно тоа кога Сашо им е најважен.
Ги цитирам, за да знаете со какви живеете и зошто сме на газот на космосот
(фејсбук статус на Сашо Тасевски)