Партијата СДСМ се обидува да капитализира на признанијата на вина на поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески и Мартин Протуѓер во случајот Титаник. Веќе неколку дена СДСМ држи прес конференции пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во кое бараат оставка од партискиот лидер Христијан Мицкоски и ја обвинуваат опозициската партија за криминал.
На денешниот прес, што го држеше пратеникот на СДСМ Дарко Каевски, упадна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој гласно го прашуваше Каевски од каде му се милионите што ги пријавил на сметка во неговиот анкетен лист и го прозиваше за осомничените криминалци од редовите на СДСМ.
Кај ти е Зоран Заев, кај ти е Венко Филипче, кај ти е Ден Дончев бе братче?… Кажи како направи четири милиони и дали ти се во една или повеќе банки. Да, да, брза и ефикасна истрага како Дарко Каевски на 30 години има 4 милиони во банка, му рече Стоилковски.
Потоа, со соопштение реагираше и опозиционата партија: Ја разбираме нервозата во СДСМ поради слабиот рејтинг и поради тоа што многу брзо ќе треба да се соочат со одговорност за криминалот кој го прават сложно со ДУИ. Обвинувањата на СДСМ доаѓаат од партијата чиј што долгогодишен лидер, а сега претседател во сенка Зоран Заев е аболиран за криминал кој неговиот пиун Ковачевски здушно го брани. Но кога веќе покажуваат јавен интерес да говорат за криминал, јавно прашуваме како младиот пратеник и поранешен директор на АМС Дарко Каевски со државна плата за една година се стекнал со имот од три стана и куќа. Како во последната година го зголемил својот недвижен имот за скоро 170 метри квадратни станбена површина? Како Каевски е единствениот триесетгодишник кој на сметка има 4 милиони денари, а не е иноватор или ИТ инженер, од каде му се парите? СДСМ да престане да го користи обвинителството и судството како своја општинска организација?
https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=nF8gkQnGZN0&feature=emb_logo