Под наслов „Ќерката на цар Самуил предизвика дипломатска активност по посетата на Пендаровски во Црна Гора“, весникот „24 часа“ потсетува дека пред неколку дена на церемонија во пристанишниот град Бар Пендаровски врачил спомен-плоча на Косара и Владимир, која според неговите зборови на Твитер ја покажува „силната симболика на добрите односи и културно-историската врска меѓу Северна Македонија и Црна Гора“.
„Проблемот, кој доведе до дипломатска активност, доаѓа од фактот што станува збор за Теодора Косара, ќерка на цар Самуил, која била мажена за кнезот на Дукља, Иван Владимир“, пишува „24 часа“, но не наведува никакви детали за каква „дипломатска активност” станува збор. Пендаровски беше првиот политичар од владејачката гарнитура кој беше критички настроен кон прославата на Ванчо Михајлов во Битола, што бугарските власти го забележаа.
Дали поставувањето на таа спомен-плоча предизвикала некаква реакција на официјална Софија? Од Кабинетот на претседателот валат дека нема такво нешто.
Станува збор за спомен-плоча изработена од македонскиот скулптор Томе Аџиевски во чест на македонско-црногорското пријателство, а поставена во Бар во спомен на црногорскиот кнез Владимир и на легендата за неговата љубов со принцезата Косара, ќерката на цар Самуил, опеана во „Летописот на попот Дукљанин“.
На почетокот на април, на дневен ред на заедничката Комисија за историски и образовни прашања на дневен ред беше средовековниот период во македонските учебници по историја, односно прашањето за цар Самуил. Пред средбата и по средбата имаше контрадикторни одговори околу напредокот по тоа прашање.