Само Пехчево, Росоман и Петровец добија нови кандидати за градоначалници од СДСМ. Останатите 27 имиња што беа промовирани синоќа, се на актуелни градоначалници од оваа партија, кои ќе се борат за уште еден мандат. Партискиот претседател синоќа ги претстави како чесни и одговорни, иако за дел од нив изминатиов период имаше негативни реакции во јавноста, постапки, кривични пријави и проверки од Антикорупциската комисија, објави Телма.
Призна дека и самиот имал влијание при изборот, иако конечната одлука ја донел Извршниот одбор.
За повторната кандидатура на Петре Шилегов за град Скопје, еден од
Опозицијата излезе со бројни забелешки за старо-новите кандидати. Градоначалникот на Кисела Вода, Петар Темелковски, го обвинуваат за насилна бетонизација, Ацо Велковски од Лозово за мобинг и дискриминација, Сашко Николов од Штип за дозволување на блиски роднини да прават што сакаат во градот.
На Константин Георгиевски од Охрид му забележуваат дека не може да се справи со урбаната мафија, а на Зоран Зимбаков од Босилово дека легализирал погон за производство на марихуана на луѓе блиски до Заеви.
Но, најспорен кандидат за нив, сепак е Петре Шилегов.
Потенцијален против-кандидат на Шилегов од опозициската ВМРО ДПМНЕ е поранешниот градоначалник во два мандати, Коце Трајановски, иако се во игра и други имиња.
Од партијата велат дека се во завршна фаза анкетите и анализите и најавуваат наскоро да бидат објавени дел од кандидатите, за кои велат дека ќе бидат сосема нови имиња.Како и кај СДСМ, и кај опозицијата има по повеќе кандидати за големите општини како Битола и Куманово, и тие ќе се знаат последни.
Помалите коалициони партнери во власта, ЛДП и ДОМ, на изборите ќе настапат заедно. Ќе имаат свои кандидати за градоначалници во 40 општини и 60 советнички листи, а ќе се обидат и со свој кандидат за град Скопје.
Павле Трајанов уште размислува дали да им се придружи. Вели дека засега нема такво расположение во партијата.
Од албанските партии, лидерот на ДУИ Али Ахмети навести дека Теута Арифи ќе биде повторно номинирана за уште еден мандат за Тетово, но и Рамиз Мерко во Струга.
За Гостивар најверојатно повторно ќе се кандидира Невзат Бејта, а за Чаир има повеќе кандидати.
Од Алијанса и Алтернатива утре ќе почнат да ги откриваат кандидатите. Арбен Таравари изјави дека доколку биде кандидиран, ќе прифати повторна кандидатура, иако лично нема таква желба.