По голготата што ја претрпе во Австралија, тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ вели дека останува цврсто решен да не се вакцинира, дури и ако тоа значи крај за неговата кариера. Во интервју за Би-Би-Си, Ѓоковиќ вели дека има право да одбие да прими вакцина.
Ги разбирам последиците на мојата одлука. И бев спремен да не одам во Австралија. На повеќе турнири не можам да одам и тоа е цена која сум спремен да ја платам.
На новинарско потпрашање, дали е тоа цената која си спремен да ја платиш за да не бидеш најдобар на сите времиња, Ѓоковиќ кратко вели: „Да“.
Дали е тоа цена која си спремен да ја платиш да не одиш на Ролан Гарос и Вимблдон?
Да.
Зошто?!
Затоа што принципите на носење одлуки за моето тело се поважни од која било титула или што било друго. Се обидувам да бидам во тон со моето тело најмногу што можам, вели Ѓоковиќ.
Како во моментов стојат работите, актуелните мерки и протоколи полека му одат во прилог на Новак Ѓоковиќ затоа што доколку тој се пријави за Ролан Гарос или Вимблдон кои се во јуни и јули, нема да мора да биде во изолација и карантин како невакциниран. Негов најголем проблем во моментов би можеле да бидат турнири во САД каде е задолжителен сертификат за вакцинација за влез во земјата. УС Опен се игра на крајот од август секоја година, така што до тогаш има уште време за промена на ситуацијата околу правилата и протоколите. Во март на машкиот АТП се играат два големи турнири.
Бев навистина разочаран и тажен од начинот на кој се заврши се за мене во Австралија. Грешката во визната декларација не е намерно направена. Тоа го прифатија и го потврдија сојузниот суд и самиот министер во Министерство за имиграција во Австралија. Причината поради која сум депортиран од Австралија е таа што министерот за имиграција го искористи своето дискрециони право да ми ја поништи визата врз основа на перцепција дека би можел да создадам некое антиваксерско чувство во земјата или градот, со што не се сложувам во целост, додава Ѓоковиќ.