Покачувањето на пензиите во јануари му се посреќи на најдобро платениот пензионер во Македонија. Фондот за пензиско и инвалидско осигурување информираше дека од јануари, највисоката пензија во Македонија изнесува 59,674 денари, односно безмалку 1,000 евра.
Идентитетот на пензионерот не се открива, но фондот соопшти дека оваа пензија пораснала за 1,700 денари со покачувањето од 2.9 проценти. Според фондот, вкупно 69 пензионери земаат сличен износ.
Кај „обичните“ пензионери, просечната пензија во декември изнесувала 16,297 денари, односно околу 400 денари повеќе отколку минатат година. Најниско платената група пензионери, кои земаат под 11,500 денари, опфаќа 89,174 лица, односно 27.28 проценти од вкупиот број пензионери. Од 11,500 до 14,000 денари пензија примаат 66,775 лица. Категоријата меѓу 14,000 денари 18,000 денари опфаќа 69,500 пензионери, а најголема е категоријата пензионери кои примаат над 18,000 денари – 101,392 лица.