Во Берово се одржа протест на локалните жители гневни поради одлуката на властите во Скопје дел од Малешевијата да се прогласи за заштитена зона. Тие велат дека во овој сиромашен дел на Македонија нема никаква индустрија и место каде да работат, па мораат да живеат од шумите.
Буквално сите Малешевци егзистираат и од земјоделие и од шумарство. Берово нема друго природно богатство. Тоа се само шумите. Нема ни голема индустрија, ни не знам што. Три месеци луѓево кои инвестирале во пилана без сировина даваат плата – им се нижат трошоци, велат Беровчани за Сител ТВ.
Дрвната индустрија е едно од ретките места место каде може да се најде работа во регионот. Владата донесе одлука со која 11,000 хектари се прогласија за заштитено подрачје. Од нив, 70 проценти се во приватна сопственост.