Владата мислеше дека постигна успех во преговорите меѓу синдикатите и работодавачите, кога обезбеди зголемување на минималната плата на 300 евра месечно. Но, овој резултат ги покачи барањата на другите интересни групи. Откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ повика на значително зголемување на пензиите и на платите во јавната администрација, синдикатот КСС најавува генерален штрајк на администрацијата.
Ние сме синдикат кои што сака да го решава работите низ социјален дијалог, но ако бидеме притиснати во ѕид тогаш ќе одговориме соодветно. Има најразлични барања директно да се оди на генерален штрајк, вели Благоја Ралповски од Конфедерацијата на слободни синдикати.
Изедначувањето на платите кое ќе се случи со зголемиот минималец ќе создаде хаос во институциите велат и од синдикатот СОНК, чии членови во просветата сериозно го сфаќаат ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за скоро двојно зголемување на платите.
Државата како најголем работодавач на работниците треба да има исти аршини кон сите во јавниот сектор. Веројатно ќе дојде до генерален штрајк во целата администрација каде јавна администрација буквално ќе го парализира функционирањето на државата. Тоа не би сакале да се случи но ако одат работите многу споро и несериозно тоа ќе дојде“, рече Јаким Неделков, претседател на СОНК.