Професорката Фросина Ременски во ново писмо до министерот за правда Никола Тупанчевски во кое му порачува да престане да бара изговори за избегнување на одговорноста за сите надлежни кои му овозможија на Сашо Мијалков да издржува затворска казна во отворениот затвор во Струга.
Во продолжение обраќањето на Ременски до министерот Тупанчевски:
МИНИСТРЕ ТУПАНЧЕВСКИ МУ ПЛУКНАВТЕ В ЛИЦЕ НА РАЈНХАР ПРИБЕ И НА СИТЕ КОИ МАРШИРАА И СТРАДАА ЗА ПРАВДА
Вака изгледаат олеснителните околност за кој бате Саше доби награда или „казна“ во воспитен дом од отворен тип во Струга од некој Н.Н судија за извршување санкции од Охрид, и тоа пред воопшто да добие лична карта со охридска адреса (адреса која воопшто не е пресудна во одредувањето на установата во која ќе се издржува казна затвор).
Ако мислите дека не е така, прашајте или пак, запрашајте се дали тој закон важи за 60% од осудените лица во моментот. Не
Се направија медиумски прилози за „затворскиот туризам“ на империјалците, а никој не сака да знае кој е тој Н.Н охридски судија; зошто Вилма како спогодбена страна така лесно се спогодила и зошто не барала построги затворски услови од сите (и за неа) кристално јасни причини.
Да не прашуваме многу за надлежноста на други институции (УЈП) кои треба да се погрижат за „спогодените“ уплати од „6 милиони во кеш (?) од 36-милиони“ штета кон државата (како што кажа Вилма) или пак, не дај Боже за некава жалба на овие одлуки од Државното правобранителство на РСМ кое има право да се жали, освен (нели!) ако „сите не ѝ веруваат на Вилма“ како што и веруваат бате Саше, Орце и безброј други.
Про-опозициските интервјуа што викендов ги дадоа министерот Тупанчевски и директорот на Управата за санкции Спасовски, не беа ништо друго туку дефанзива од криминална супериорност и демонстрација на институционалната „немоќ“ пред овие криминални „величини“ на кои пола држава и ФБ заедница им се восхитува, другата половинаим се плаши, а малкумина зборуваат за нивниот институционализиран бандитизам повеќе од 15 години
Министре Тупанчевски, Вие и директорот на Управата за санкции Спасовски не сте опозиционери во удобна конфор-фотеља или некаква јавност која може да критикува без да може, да има право или надлежност да го поправи она што го критикува.
Лоша ПР-реторика со која сакавте „да го фатите бранот од незадоволство и презир на јавноста“.
Не поминува тоа веќа – не заборавајте
Одамна завршија приказните за „режимот“ …, не затоа што е искоренет, туку затоа што режимските извршители и ороводачи станаа стечајни управници на правната држава која ни ја бара Европа
Не случајно, условукајќи Ве како професор петочки Ви напишав дека, треба да излезете од зоната на конфорот, а стручното знаење и интегритетот да го ставите во функција на решавање на актуелните и проблемите во најава со случајот „затворот на бате Саше“. Сега Ви се обраќам како министер, од причини што никој (ниту јас) од Вас не очекуваше да кажете дека, заради случајот „бате Саше“ ќе сте го менувале законот во делот на адресата (кој не постои); и, кој (и според Вас) е изигран и злоупотребен.
Она што го очекував од Вас како министер е да кажете дека, под итно ќе утврдите:
Врз основа на кои критериуми Н.Н судијата од Охрид (?!) одлучил да го прати на „превоспитување и ресоцијализација“ во отворен дом Струга (не е ни затвор), без никакви предуслови за тоаи,
Дали Вие и директорот на Управата за санкции сакате да ги согледате околностите кои треба да Ве упатат на носење на сосема поинаква одлука во врска со овој случај и да побарате одговорност за овие криминално мотивирани одлуки
Нема да заобиколувам министре, ќе посочам дека, се во врска со одлуките за бате Саше по Вашето викенд-интервју се Ваша одговорност, дури и неговото потенцијално бегство (веќе видено и амнестирано од Вилма) ќе биде на Ваша сметка и одговорност.
Два гранични премини во радиус од 15 километри во исчекување на правосилност на минимум 15 години затвор за бате Саше во дом за превоспитување ().
Најмалку две државјанства и два лажни идентитети, министре
Или ова не Ве интересира
Јавната шашма околу „одговорноста“ за бегството на Горан Грујовски, Никола Бошковски и Никола Груевски беше шашма, зошто секој одговорен се вадеше на друг соодговорен, но во овој случај останувате Вие, Н.Н охридскиот судија и директорот на Управата за санкцииДури и директорот на домот во Струга ќе биде неодговорен – заради природата на институцијата нормално. А, да …, можеби „ќе го јадат воспитувачите и инструкторот“, пошто затворска полиција немеТ.
Ако сакате да не биде така, ќе Ве упатам да две одредби од два закони, според кои Вие како министер за правда и Директорот на Управата за санкции Спасовски имате директна надлежност и право на проценка на ризици и одлучување кој осуденик каде ќе ја отслужува казната затвор; и, да видите дали Н.Н охридскиот судија за извршување на санкции „се стекнал со услови“ за професионална пензија во која би му се придружила Вилма.
Еве го членот од Законот за извршување на санкции кој определува „кој осуденик, за какви кривични дела може да отсужува казна затвор во установа-дом од отворен тип“. Вели вака:
„Во установа од отворен вид се извршува казната затвор за осудени лица за кривични дела извршени од небрежност и за други кривични дела на осудени лица на казна затвор до три години, доколку основано може да се очекува дека постапувањето во овие установи одговара на карактерот на кривичното дело и личноста и дека во овој вид установа со чувство на лична одговорност ќе ги извршуваат своите обврски и нема да го злоупотребат престојувањето“
Се слушаме ли министре Тупанчевски
Небрежноста и личноста на бате Саше ја ценевте вакаПа, како не Ви е срам на сите заедно
Кога сме кај тој Н.Н охридски судија за извршување на санкции кој (според сите вас) е најодговорен за оваа правна перверзија и злоупотреба со која се играте мајтап со целиот нормален народ во оваа земја, ќе Ве упатам на членот од Законот за Судскиот совет чиишто член сте и Вие, и ги имате сита права и обврски да поднесувате иницијативи за оценка на одлуки и поведенија на сите судии
Тоа е законот во пакет што го гласав во Собранието во јануари 2019 година – закон со кој никому не му дава за право да си игра мајтап со оние кои беа изложени на линч заради слободата на овие и слични битанги, заради кои се иссели пола држава
Бидете Министер, одважете се и побарајте одговорност и промена на оваа срамна одлука за државата и за сите, и не чекајте САД, Германија и ЕУ да Ве потсетува кои лица се на „црната листа“, дека не е правда „да се плати и да се клати“ и дека, Прибе е жив
Се додека „округло, па на ќоше“ барате изговори за избегнување на одговорноста за сите надлежни со оваа одлука со која надвор од закон се носи екстра-олеснителна одлука која до крајност го релатицвизира законот, позицијата и одговорноста на лице првостепено осудено на повеќе од 20 години затвор, до тогаш секој има право да тврди дека, заробувачите на заробената држава станаа управители на правосудниот систем во кој Вие сте министер, и заедно со сите останати соучествувате во рушење на целокупниот дух на реформи и законски пакети кои упорно се изигруваат од оние за кои истите беа креирани
Зачудува „феноменот“ што ниту еден политички субјект не се пофали со „казната затвор за бате Саше“ и не ја искоментира оваа перверзија против која се кренаа и маршираа илјадници граѓани, во притвори лежеа со години, во монтирани судски процеси, се создаваа институции за прогон на криминалот со масовното прислушкување и се правеа секакви реформи за спроведување на еден паметен Германец – Рајнхар Прибе кој ни ја постави дијагнозата и ни го даде рецепт за ослободување од заробената држава –
Хемофилтрација на државниот организам – затруен од паразити, пијавици, крлежи и туморозни клетки
За жал, хемофилтрацијата се правела на друго место, како експеримент и без индицираност, но не и на овој наш државен и од корупција отруен систем/организам.
Му плукнавте во лице и на Рајнхар Прибе и на сите граѓани кои страдаат од вакво злобно, институционално, криминално полтронство и оваа анти-правда која ни ја воведе понтонскиот мост на мафијата од кој Вилма …, е само еден од нив