Aлбанскиот премиер, Еди Рама вели дека идејата за ,,Голема Албанија“ никој не ја поддржува, а „Мини шенген“ е важен за регионот.
Тој ова го кажа во интервју за Јуроњуз Србија. Рама вели дека не познава никој што ја поддржува идејата за ,,Голема Албанија“. Тврди дека такво нешто никогаш не постоело во албанскиот јазик, учебниците, и дека таа идеја настанала надвор од Албанија.
„И ,,Голема Србија“ е нешто што секогаш се споменува, но ваквата идеа за обединување во рамките на Европската Унија само наметнува етничка поделба“, изјави Рама.
Рама вели дека на народот од Западен Балкан, како и на народот на Албанија, никогаш не му било подобро, дека работите кои денеска ги сметаат за нормални, пред 10-20 години тие не можеле да ги замислат. Вели дека Србија доцни со признавањето на Косово.