Косовскиот весник на албански јазик „Бота сот“ објави тврдење дека по преобразувањето на „мини Шенгенот“ во „Отворен Балкан“, наводно, ќе се создаде „Федерација на Балканот, чиј дел е и Албанија“.
Весникот цитира изјава на професор Сулејман Мехази, кој вака ја коментира промената на името на договорот меѓу Вучиќ Рама и Заев: „Залудни се напорите на тројцата претседатели на најкорумпираните балкански држави за така наречениот ‘Балкански мини – Шенген’. Откако видоа дека се осамени, оти немаат поддршка, го сменија името во ‘Отворен Балкан’ . Тие согледаа дека како сиромашни останаа малцинство на Балканот без поддршка од никого. ‘Новото име’ ‘Отворен Балкан’ значи политички питачи, кои поради нивната економска и општествена сиромаштија, бараат помош од другите балкански земји, за да ги спасат своите држави од коруптивните економски колапси.
„Мехази вели дека откако Мини – Шенген се преобрази во Отворен балкан, Вучиќ преку Рама ќе создаде Федерација на Словените на Балканот.“ – пишува во својата информација „Бота сот“.
Косовскоте власти се против идејата за Мини Шенген.