Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ кој гласаше ЗА уставни измени, откако си ја вработи сопругата во МВР, сега се пофали дека и неговиот син станал полцаец.
Од тука повеќе портали го поставија прашањето дали вработувањата доаѓаат како награда за гласањето за уставните измени?!
Сопругата на пратеникот Рамчиловиќ веќе неколку години работи во Министерството за внатрешни работа, т.е. во Секторот за внатрешни работи како самостоен советник во писарница, што според систематизацијата на МВР, работното место на Мерсида Рамчиловиќ е релативно висока позиција во писарницата.
За потсетување, Зеќир Рамчиловиќ беше еден од пратеници кои на социјалните мрежи го искажаа својот став дека немаат намера да гласаат за уставните измени и да одат против волјата на граѓаните, но набрзо по ваквата изјава, си го погази зборот и гласаше ЗА уставни измени.
Тој е меѓу осуммината народни избраници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои во законодавниот дом го погазија својот став и гласаа „ЗА“ уставни измени.
По гласањето, партијата на вонреден извршен комитет донесе одлука пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои ги поддржаа уставните измени да бидат веднаш исклучени од партијата.
Во јавноста пак, на големо се коментира дека ваквите вработувања доаѓаат како награда за гласањето за уставните измени.