Заменик народниот правобранител Јован Андоновски објави дека оваа институција почнала соодветна правна постапка за ставката која ЕВН ја воведе на сметките за струја со која се наплатува преносот на елекреична енергија до домовите на граѓаните и до компаниите.
,,Би сакал да ве известам дека е отворена постапка за испитување на новата давачка за пренос и дистрибуција на електрична енергија, која за прв пат се појави на последните сметки за струја.
По добивање на одговори од ЕВН, Регулаторна комисија за енергетика и ЕСМ, ќе бидете известени за исходот од постапката”, објави Јован Андоновски заменик омбудсманот.
Доколку се утврди дека ЕВН незаконски наплатувала пренос до домовите или пак дека не ЕВН не смее да наплаќа струја од граѓани кои не ја потрошила за да се покрие за тие што не плаќаат, во игра се и огромни парични казни до затворски казни за одговорните.