Потегот на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј да признае дека македонската црква е во канонско единство со другите православни цркви ја потсети јавноста на една епизода од познатите тајно снимени разговори на Зоран Заев со руските шегаџии Вован и Лексус.
Во еден разговор, Заев беше прашан од Русите – кои се претставуваа како тогашниот украински претседател Порошенко – дали би сакал да му плати 100,000 евра на патријархот Вартоломеј во замена за признавањето на црквата. Разговорот беше снимен откако Вартоломеј ја призна Украинската православна црква, што предизвика раскол во православието.
Слушнете како Заев без збор се согласи да му плати на Вартоломеј, и како американски политичари биле вмешани во целиот овој процес.
https://www.youtube.com/watch?v=udhCgBixekA