Бугарскиот политичари Слави Трифонов, чија партија ИТН е клучен дел од владејачката коалиција, најави дека Македонија ќе си остане на Балканот и блокирана од ЕУ поради исходот на пописот. Трифонов е гневен што на пописот само околу 3,500 граѓани се изјасниле како Бугари.
Реакцијата доаѓа еден ден откако партии на коалицијата на Кирил Петков се собраа да разговараат за тоа дали конечно ќе го кренат ветото на самитот на ЕУ во јуни. Пописот сега им даде нов мотив да го проодлжат ветото, бидејќи Бугарија очекува бројот на Бугари во Македонија да е приближно ист со бројот на издадени бугарски пасоши – барем 80,000.
При пребројувањето на населението во Северна Македонија како Бугари се изјасниле одвај 3,504 граѓани. Поточно, Бугари таму практично и нема. Кај нас се издадени 100,000 бугарски пасоши на граѓани на Северна Македонија. Само во изминатите две години, кога светот беше затворен поради пандемијата, 16,692 граѓани на Северна Македонија добиле бугарски пасоши. А според законите на Бугарија, за да може граѓанин на Северна Македонија да добие бугарски пасош, тој треба да докаже дека има бугарски корени. Значи над 100,000 граѓани на Северна Македонија ги докажуваат своите бугарски корени во Бугарија, а во Северна Македонија се плашат да се наречат Бугари. Зошто во една нормална европска држава, каква што Северна Македонија претендира да биде, еден човек би се плашел да каже каков е? Затоа што тоа не е нормална европска држава. Логично е дека ако Северна Македонија сака да биде нормална европска држава, односно да биде дел од Европската Унија, нејзините граѓани мора да можат слоободно да се самоопределат и нивните права да не бидат газени. Тоа е моето мислење. Ако не се случи ова, Северна Македонија едноставно ќе си остане дел од западниот Балкан, изјави Трифонов.