Пратеникот на Алијанса за Албанците Елми Хазири во разговор за телевизија ТВ21 изјави дека најголем број иселеници кои што ја напуштиле Македонија се Албанци. Според Хазири, половина од гласачите Албанци во Македонија всушност живеат во странство.
Има и Македонци исселени, ама претежно се Албанци. Скоро пола од албанското гласачкото тело не е во Македонија – порача Хазири.
Хазири се согласи со соговорниците дека поради ова, албанските пратеници во Собранието се избираат со помалку гласови од македонските. Шестата изборна единица на хартија има приближно ист број гласови како и другите единици, но во реалноста има значително помалку гласачи поради исселувањето, а сепак добива 20 пратеници како и другите единици. Ова е еден од аргументите зошто македонските партии бараат една изборна единица, а ДУИ се спротиставува, свесна дека во тој случај ќе загуби пратеници.
Албанците се претежно во шестата, првата, втората и петтата изборна единица. Моменталниот изборен законик има некои недоследности. Има огромна разлика од една до друга изборна единица по бројот на гласачи, и од тука извира нееднаквоста меѓу пратениците. Една изборна единица со помал број гласачи избира пратеник, и друга изборна единица со поголем број избира пратеник, вели Хазири, кој предлага да имаме осум изборни единици со што ќе се намали нееднаквоста.