Лидерот на опозициската ГЕРБ на Бојко Борисов му понуди пратеници на премиерот Кирил Петков ако се осмели да донесе одлука за францускиот предлог и го нарече плашливец доколку не го стори тоа.
Идејата на опозициската партија е најпрво Владата да ја одобри формулата на француското претседателство со што ќе започне процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, по што одлуката ќе се најде пред Националното собрание каде ќе добие поддршка од 59 пратеници на ГЕРБ.
Таквиот потег на Борисов беше поздравен и од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
Но шефицата на кабинетот и владина портпаролка Лена Бориславова, во статус на Фејсбук објави дека премиерот сака одлуката прво да се оди преку собраниската комисија за надворешна политика во парламентот, па низ пленарната сала каде што ќе добие широка поддршка, а дфури потоа пред Влада.
Пристапот на Петков е контроверзен бидејќи, според Уставот, надворешната политика на Бугарија ја води Владата, а не Народното собрание, пишува Њуз Бг..