За жал по не знам кој пат се докажа дека државата не ни функционира по ниеден основ. Безбедносно си игра курташак кој стигне, здравството ни е потонато многу одамна (среќа е да имаш доктори пријатели кои за жал се помалку ги има), а за правда и правосудство да не ни збориме. Ниту едно одговорно лице нема превземено никаква морална одговорност и понудено оставка (бар да блефира) бидејќи од авион се гледа дека во нивната глава тој збор не постои да признаат сами на себе дека се крајно неспособни и да остапат место на некој што стварно знае. Да се надеваме дека сите дојави ќе останат вакви какви што се и нема да се случи најлошото кон нашите најмили и најневини чеда. Најискрено се надевам дека секој еден млад човек својата иднина ќе ја бара на друго место подалеку од оваа токсична средина. Боли многу но реалноста е таа…. полошо и потоксично не било никогаш…..
(фејсбук статус на Владимир Блажев – Панчо од ДНК)