Професорот од Институтот за национална историја Митко Б. Панов на Илинден ги потенцира зборовите од Манифестот на АСНОМ кои потсетуваат дека борбата за Македонија не е завршена и дека трае секој ден.
За разлика од власта која на разни начини сака да го помати АСНОМ и документите од него Панов потенцира дека тие се суштината на македонската борба за сувереност.
“Револуционерните традиции на Илинден пак оживеа … Илинденското востание откри пред цел свет колку е тврда твојата решеност да не бидиш роб на никого, ами да заживееш како слободен народ. Илинденската епопеја ти покажа и тебе колку е силна твојата тупаница кога се подигна за извојуване на слободата … То е денес твојот одговор на сите овие душмани – твојата праведна борба за слобода” (Манифест на АСНОМ)”, пишува професорот Панов кој празникот го честита со пораката:
Честит празник, Македонијо!
„Дигнете го уште повисоко знамето на Гоце Делчев“, на нашите Илинденци!
Борбата за државата и праведноста е секој ден!
Вечен Илинден – Вечна Македонија!