Фактот што македонскиот државен врв не бил во Битола, говори дека за нас е неприфатливо клубот да го носи името на Ванчо Михајлов, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите. Османи вели дека не е проблем отворањето на клубот во Битола туку името што му е дадено.
- Не дозволивме да потпаднеме под провокацијата при отворањето на културниот клуб на бугарската заедница во Битола. Некои луѓе во бугарската делегација беа дојдени со цел да провоцираат реакција која ќе им биде алиби пред Европа и светот, дека во Северна Македонија се газат човековите права и правата на етничките заедници, смета Османи.
Сепак, министерот вели дека не можеме да ги прекинеме преговорите со Бугарија, затоа што така ќе било уште полошо.
Не можеме да ги прекинеме преговорите со Бугарија, и да ги замрзнеме, бидејќи после 10 години пак ќе треба да се вратиме и тогаш ќе биде потешко. Ако сега правиме политика со емоции, ќе се отрезниме на најтежок можен начин, вели Османи.