При денешната контроверзна посета на бугарски функционери на Битола, единствен македонски владин претставник кој дојде да ги пречека беше министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Османи на бугарскиот премиер Петков и другите од делегацијата им претстави проект на МЕПСО за изградба на далновод до Албанија. Според Османи, ова ќе биде корисно за Албанија и за Бугарија, при што Бугарија ќе може да ги продава своите вишоци струја на поголем пазар, а Албанија ќе има постабилно снабдување. За Македонија, улогата во овој проект ќе биде да служи само како транзит.
Османи упорно ги застапува интересите на Албанија и на Косово во своите настапи. Во 2020 година, пред бугарското вето, тој одбиваше да се заложи за раздвојување на Македонија од Албанија во групата за членство во ЕУ, и со тоа Македонија веројатно ја загуби можноста прва да ги почне преговорите. Османи исто така често ги користи посетите да лобира за признавање на Косово во земјите кои се уште не го сториле тоа.