Стојан Андов, во колумна објавена на денот на бугарската прослава на Ванчо Михајлов во Битола, порачува дека е потребно оваа земја да го преиспита својот однос кон историјата и кон Македонија.
Македонската страна е иритирана од тоа што Бугарија како национален празник го слави трети март, денот на потпишувањето на Сан-стефанскиот договор. Тој договор не го потпишала Бугарија и нема зошто да го слави, а прогласен е за ништовен на Берлинскиот конгрес. Во РС Македонија се доживува како провокација таа бугарска прослава на трети март бидејќи Бугарија, повикувајќи се на некое право од тој ништовен договор, предизвика три војни со своите соседи и сите ги загуби. Ама нанесе огромни штети, особено на македонскиот народ.Но,и на Србија и на Грција. Треба да се одбие барањето на Бугарија,ние да не го славиме 11 Октомври како национален празник, еден од нашите најважни празници заедно со Илинден. Во Европа ќе мора да се совлада овој испад на бугарската влада. Бугарската влада и со својата сегашна политика врши напад врз основните евроатлантски вредности. И тоа не може да не ги постави на тапет вкупните внатрешни односи во ЕУ, па и во НАТО. Евроатлантските сојузници веќему порачаа на државното раководство на Бугарија дека не може и натаму да седи на две столчиња. И дека за тоа, и бугарското раководство, и Бугарија ќе мора да понесатодговорност. Не еможно понатаму да се толерира однесувањето што го врши бугарската влада,кога настојува фашистичкото минато на Бугарија да го прикаже како европска доблест и како обврска на ЕУ, вели Андов во својата колумна за Фокус.