Според германската аналитичка агенција Статиста, Македонија е европската земја која е најмногу зависна од рускиот гас и има најмалку можности за снабдување од други извори.
Македонија е сто проценети зависна од снабдување со руски гас, кое се користи за загревање на градот Скопје како и за неколку важни индустриски капацитети. Зад нас се Финска, со 94 процентна зависност, Бугарија – преку која се снабдува и Македонија – со 77 процентна зависност и Словачка, која добива 70 проценти од гасот од Русија.
Најголемата европска економија – Германија – набавува половина од својот гас од Русија. Оваа држава со Русија ги изгради гасоводите Северен Поток 1 и 2, но вториот гасовод се уште не е пуштен во употреба. Украина остро протестираше против неговата изградба, бидејќи со него Русија ќе може да ја снабдува Германија и Европа директно, без гасот да помине преку украинска територија. Транзитот на гасот и дава на Украина одредена стратешко влијание врз Русија, кое може да го искористи за своја одбрана.
[…] Според германската аналитичка агенција Статиста, Македонија е европската земја која е најмногу зависна од рускиот гас и има најмалку можности за снабдување од други извори, објави „Македонскивесник“. […]
Comments are closed.