Откако украинскиот претседател Владимир Зеленски се пожали дека западните земји го оставиле на цедило за време на рускиот напад, лидерот на Левица Димитар Апасиев потсети како тоа Западот ги прекрши и своите ветувања кон Македонија.
ЗАЕВ, ти ли си?, праша Апасиев на Фејсбук.
Зоран Заев ги бранеше бројните отстапки што ги направи прво кон Грција, а потоа и кон Бугарија, како и кон албанското малцинство во Македонија, со ветувањето дека со тоа Македонија ќе обезбеди членство во ЕУ. Три години по промената на името, Македонија се уште не ги ни почнала преговорите, а малкумина во ЕУ воопшто не спомнуваат нас и бугарското вето.
Изневерените ветувања кон Македонија секако не може да се мерат со тоа што и се случува на Украина, но останува чувството дека на Западот не може да му се верува.