Поранешниот генерален секретар на владата, Мухамед Зеќири останува во притворот во Шутка, објави Фокус.
Кривичниот суд денеска му одреди нови 30 дена, а неговиот адвокат Александар Трајковски поднел жалба на одлуката.
Зеќири прв пат беше спроведен во притвор на 8 април, а ова му е второ продолжување за нови 30 дена.
Информацијата за продолжувањето на притворот на Зеќири е објавена неколку часа по објавувањето на веста за апсењето на пејачот Ламбе Алабаковски за опожарувањето на клубот Ванчо Михајлов во Битола.
Тоа предизвика сомневања во јавноста дека Зеќири е злоупотребен за одвлекување на вниманието на граѓаните од апсењето на Алабаковски, односно колку толку да се стиши бурата од реакции на социјалните мрежи.
Дали Зеќири новиот Миле Јанакиевски ќе покаже времето.