Јовица Стојановиќ, новиот вршител на должноста директор на Управата за извршување санкции, во 2018 година го поставил Срѓан Поп Димитријевски за командир во затворот „Идризово“. Во тоа време Стојановиќ бил директор на затворот.
Срѓан Поп Димитријевски е суспендиран и осомничен како одговорен за проценка на ризик при транспорт на затвореници, за инцидентот при пренесување на осуденикот Мемети, кој избега и притоа повреди полицајци, објави Плусинфо.
Неодамна ВМРО-ДПМНЕ обелодени дека Димитријевски бил човек близок до СДСМ, а своевремено бил истеран од работа поради поткуп. Но, не минало долго време и тој пак бил вратен, сега на командирска позиција во затворот во „Идризово“. Опозициската партија тврди дека тоа се случило по интервенција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Премиерот Димитар Ковачевски го разреши досегашниот директор на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски, незадоволен од неговата работа. Но, на изненадување на познавачите на приликите, за в.д. директор е поставен токму Јовица Стојановиќ.
Има ли логика со Управата за извршување санкции сега да шефува човекот кој пред само четири години го поставил Димитријевски за командир?