Не е точно дека пратеници и функционери на ВМРО-ДПМНЕ имаат лични карти и државјанства на Република Бугарија, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК Никола Мицевски, координатор на пратеничката група откако вицепремиерот на Бугарија и министер за одбрана Красимир Каракачанов на својот фејсбук профил објави список на имиња какви што имаат високи вмровски функционерикои се запишани на избирачките списоци.
Красимир Каракачанов објави список на дваесетина имиња за кои самиот вели дека можеби само коинцидираат со имиња на пратеници и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а кои се запишани како бугарски државјани на избирачките списоци.
Мицевски вели дека ова е масло на македонската Влада на Зоран Заев за да ги скрие скандалите со вакцините и пописот и најавува дека партијата ќе реагира со соопштение, а не секој од наведените имиња поединечно.