Премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, во рамки на еднодневната посета на Брисел се сретна и со Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Јоханес Хан.
Истакнувајќи дека 15-тиот состанок на Советот за Стабилизација и асоцијација се одржа во исклучително значаен период за Република Северна Македонија, на средбата премиерот Заев потенцираше дека единствената алтернатива за нашата земја е членство во Европската Унија.
Премиерот Заев искажа верување дека за само неколку месеци, Северна Македонија ќе почне да испишува нова, европска иднина.
На средбата, евро-комесарот Хан го охрабри премиерот Заев да продолжат реформите во земјата. Беше искажана и поддршка за дијалог, како и учество на сите политички партии во носењето одлуките коишто се од интерес на Република Северна Македонија.