Новинарот Бошко Нацевски реагира на изјавата на Бојан Маричиќ кој вели дека законот за здруженија бил многу либерален, па поради тоа не можело да се спречи регистрацијата на бугарските клубови со имиња на фашистички соработници.
„Маричиќ вели дека законот за здруженија ни бил либерален. Јас би му рекол дека законот за регистрација на здренија е ептен лабилен, дури и инвалиден.. Не може да се толерира една будала илјадници граѓани да иритира.
Или во името на неговите лични фрустрации или на грст граѓани, на стотици илјади други национлните чувства до степен на дрскост да им се сквернават. Главите ви се ноевски забодени во песок, и се обидувате да одглумите дека не го гледате тоа што и последниот од нас ви го предочива. И тоа не како личен, туку како национален и државен проблем.
Нели ќе отворевте македонски клуб во Благоевград. Или стрепите да не ги повредите антимакедонските емоции на комшиите. Свесно си ги ставате двете нозе во еден чевел. А ви претстои меѓупартиски изборен натпревар. Со загриженост ви велам – вака, не ќе дотрчате далеку.“, пишува Нацевски.