Весникот Дејли Мејл објави шокантни податоци за интернет пораките што ги испратил Хантер Бајден, озлогласениот син на американскиот претседател Џо Бајден. Хантер, тежок зависник од дрога кој по смртта на неговиот брат имал љубовна врска со неговата вдовица, бил ангажиран од разни компании од Украина за огромни суми пари во корумпирани зделки додека неговиот татко беше потпретседател на САЅа време на Мајдан Револуцијата.
Пораките, кои протекоа во јавноста откако Хантер Бајден заборавил свој компјутер во сервис, покажуваат дека тој бил поврзан со американската компанија Метабиота, која работи токму на изработка на смртоносни вируси. Хантер Бајден и помогнал на оваа компанија да обезбеди милиони долари од државата, а воедно ја поврзал и со украинската компанија Бурисма, каде што бил ангажиран како член на одборот на директори за милионски суми.
Русија веќе откри дека во Украина имало десетици лаборатории за развој на смртоносни вируси, кои функционирале во соработка со САД. Лидерот на Левица Димитар Апасиев сподели текст во кој се објаснува како функционирала оваа опасна игра.
Со финансиската и организациска поддршка на САД на територијата на Украина по 2014 година беше формирана мрежа од повеќе од 30 биолошки лаборатории ангажирани во научно-истражувачка работа за проучување на смртоносните болести како и на особено опасните патогени и вируси кои предизвикуваат чума, туларемија, антракс, колера итн. Нарачателот на овие истражувања е Управата за намалување на воени закани при Министерството за одбрана на САД.
Истражувањатa беа спроведени во трите основни насоки:
Според изјавата на Пентагон, се вршеше мониторинг на биолошката состојба во регионите планирани за распоредување на воените контингенти во земјите-членки на НАТО. Соевите на опасни микроорганзими беа редовно собирани и извезени во САД. Беше спроведена научно-истражувачка работа за проучување на потенцијални агенси на биолошко оружје кои се специфични за овој регион, имаат природни жаришта и се преносливи на човек.
Во текот на специјалната операција на вооружените сили на Руската Федерација од вработените во овие лаборатории кои се водени од националните интереси и патриотски погледи, на руската страна ѝ беа предадени документите кои сведочат за итно чистење од американските траги на остварувањето на воено-биолошката програма во Украина финансирана од Министерството за одбрана на САД. Така, се дозна дека Министерството за здравство на Украина ја постави задачата од 24 февруари оваа година целосно да ги уништи биоагенсите во лабораториите. Овој факт потврдува дека во Вашингтон и во Киев биле сериозно загрижени дека руските експерти ќе добијат непобитни докази за практична работа за засилување на патогените својства на микроорганизмите со користење методи на синтетичка биологија.
Со тоа, пак, би биле обелоденети систематски нарушувања од страна на Украина и САД на меѓународната Конвенција за забрана на биолошко и токсично оружје за што повеќе пати предупредува Москва.
Во овој контекст најголем интерес претставува проектот со кодово име UP-4. Цел на ова истражување беше одредување на болести на птиците кои претставуваат најголема опасност за луѓето како високо заразен грип H5N1 со стапка на смртност кај луѓето до 50 отсто. Вакви болести поседуваат максимален потенцијал за дестабилизација на епидемиолошката ситуација во конкретен регион во многу краток и ограничен временски период.
Уште една од задачите беше проучување на маршрутите на миграции на птиците заради одредување на оние птици кои поминуваат преку територијата на Русија, а најмалку ги засегаат другите европски земји. Во корист на оваа верзија сведочат и податоците за намерно фаќање птици на руската територија со нивното натамошно транспортирање на територијата на Украина како и следење на нивниот повратен лет. Покрај тоа во текот на работата научниците ги одредија местата на најмасовно собирање на птиците каде би имало можност за инфицирање на јатата со особено опасен патоген.