Кутрите гласачи, поддржувачи, апологети, па дури и ботови на двете најголеми македонски партии, каде ли сега они да се свртат, како ли да се погледнат самите себеси после години пропуштени промени, пропуштена казна и пропуштени шанси?, пишува Ивор Мицковски во колумна со наслов „И СДСМ доби своја побегуља ама без рејтинг“.
Заев и Мицко работеле заедно, двајцата архинепријатели, за утре наводно заедно да владејат. Како ли им е денес на таа банда трубадури кои во Заев гледаа спасител на државата?
Како ли им е на другата страна, на верните патриоти на Мицко, кога лидерот им ковал планови со предавникот над предавниците?
Чувствуваат ли барем малку очај, малку срам за своите заблуди, се каат ли барем малку за нивната исклучивост и ексклузивност, било во замислената прогресивност или во декларираниот патриотизам?
Би требало да им е тешко, би требало да се преиспитаат, би требало да се извинат, кога и лево и десно се расфрлаа со обвинувања за нечиј вмровизам, кога се потсмеваа на „исташите“, кога плукаа по неутралата, како што другите напаѓаа луѓе како „северџани“, колнеа семејства или се повикуваа на ножот.
Дојде време целата дволичност, хипокризија и лажно морализирање да излезат во јавност, а носителите на тој наратив, да изгубат секаква релевантност, под услов и некогаш воопшто да ја имале.
Дури и оваа влада, која радо ја критикувам поради неспособноста и неодговорноста, има поголема легитимност, поголема доза на реалност, наспроти, дијаболичните комбинаторики на наводните спасители.
Целата колумна прочитајте ја тука.