На деветгодишниот Милош, утрово му беа направени потребните здравствени прегледи.
- Драго ми е што резултатите од електрокардиографијата и ехокардиографијата се во граница на нормала и тој е добар, во стабилна здравствена состојба. Се договоривме за една година повторно да дојде на преглед. Милош ќе расте во здраво дете и ќе биде наш иден спортист – изјави министерот за здравство, Венко Филипче
Милош е дете од селото Живиње кое и покрај здравствените проблеми кои ги имал претходно, пеш или со магаре секој ден оди на училиште и со своето семејство се бори за егзистенција во овој зафрлен дел меѓу Скопје и Куманово.
Милош е еден од најредовните ученици во неговиот клас. За неговата учителка, тој е херој, бидејќи вели никогаш не можела да претпостави, во вакви услови живее.
- – Еве гледате.. не е нешто нај нај… Плафон немаме, со картони е покривот…Овде спиеме сите, ама не можеме ни да варосаме ни да одиме на пазар, финансиски сме слаби.. Тоа е… Животот е таков – велат Трајан и Даниела Трајановски.
На триесетина километри од Скопје, а отсечени од светот. Во домот на семејството Трајановски времето како да застанало пред половина век. Пред дваесет и две години во оваа куќа мајка му сама го родила неговиот брат. Милош пак, роден со болно срце, веднаш го однеле на операција во Бугарија. Од тогаш досега, девет години не направил никаков преглед, бидејќи и за тоа требаат пари.
„Така е..мора да се живее, со маки..што викаат.“ Јас сакам да работам, ако имаш услови можеш ама ако немаш, како ќе работиш?“ – велат Трајан и Даниела Трајановски.
*Фотографиите се одобрени од родител