Објава на Македонски манифест по повод тиранската изјава
на Али Ахмети дека „без Албанци нема да ја има Македонија“
МАКЕДОНЦИТЕ ПОСТОЕЛЕ МИЛЕНИУМИ
И УШТЕ МИЛЕНИУМИ ЌЕ ПОСТОЈАТ
Освестениот за својот генерички идентитет македонски народ треба да знае дека изјавата на Али Ахмети во Тирана „Без Албанци нема да ја има Македонија“ е par excelellence терористичка, изречена од „личност“ која засекогаш во меморијата на Македонците ќе биде запаметена како терорист. Веруваме дека таа изјава што може да се подведе под медцинска дијагноза шизофренија не е вперена само против Македонците, туку ги понижува и чесните и со самопочит Албанци, кои сакаат мирпљубива, а не заканувачка и националшовинистичка егзистенција, како што заговара Али, ДУИ, но и другите албански политички партии во Македонија, кои се консензуални (без разлика на меѓусебните кавги за фотелји) во однос на изјавата за Голема Албанија на српски и на македонски простор. Се разбира со штедра помош на нивните западни сојузници, кои како што е добро познатао ја ништат без никаков цивилизациски срам и етика малечката Македонија. Ја ништат идентитетски со, како што велат и антрополозите, најстрашната од сите видови смрт. За жал во таа идентитетска катастрофа учествува и Али со неговата ДУИ, како и другите албански политички партии и за тоа време е да се состави една Бела книга со прецизни факти. Ние сега ќе наведеме само еден таков драстичен пример кој говори во прилог на тоа. На пример, бришењето на името на најголемиот македонски преродбеник Ѓоргија Пулевски на основното училиште во с. Ростуше-Река и негово заменување со име на еден локален бизнисмен Албанец! А тоа што немало реакција од македонската влада на македонскиот велепредавник Зоран Заев, кој сега со истите антимакедонски „квалитети“ го следи Димитар Ковачевски, тоа е друга приказна, пак во полза на албаскиот политички шовинизам кон Македонците, на кои им е јасно дека се работи за квислинзи и велепредавници.
Тоа што пак во доминантните албански средини Али и неговата тајфа ги ништи македонските идентитетски знаци, покрај Пулевски и уште многу други, е знак на варварство, кое за жал е присутно во албанскиот политички блок, кој сега со нивниот антимакедонски министер за надворешни работи Бујар Османи со сета перверзна сила и стратегија за идентитетското докусурување на Македонците го турка нацифашистичкиот француски предлог на Макрон за нивна бугаризација и апсолутно идентитетско упокојување, кое би ја смирило конечно психоделичната хистерија на Али и останатите негови соборциод 2001.
Тоа беше тероризам на албанска/косовска УЧК врз Македонците за жал штедро подржана од Западот, кој ги заборави раните од Втората светска војна. И тој тероризам беше подол. Се случи две години по бомбардирањето на НАТО на Србија и Косово, кога стотици илјади косовски албански бегалци најдоа стреа, прибежиште во Македонија, оти тие што им ја правеа, пак терористички, државата во Косово не сакаа да ги приберат во трагедијата кај себе. Тоа е вистината. Ама наместо благодарност кон мирољубивите и сочувствителни Македонци, нив како благодарност од страна на Албанците ги снајде тероризмот од 2001, кој потоа со „Охридскиот договор“, понижувачки за Македонците и потоа „Тиранската платформа“, осудена од Венецијанската комисија, се трансформира во политички тероризам. И тоа ќе кажеме сега најмногу со петгодишното владеење под капата на ДУИ на македонската велепредавничка по македонскиот идентитет смртоносна партија на СДСМ.
Тоа е накратко вистината. Цивилизациски е Али, ДУИ и останатите албански политички патрии во Македонија да соберат морална и етичка сила да им се извинат на Македонците за фактичкиот од 2001 и политичкиот тероризам по нас до денес за што има многу непорекливи факти.
Тоа е потребно заради етничката природна хармонизација меѓу Македонците и Албанците. Тоа, затоа што империите не се вечни. Можеби еден ден и Американците ќе се повлечат, заради свои интереси и благосостојба од тука, па затоа е добро Албанците да не бидат употреблива алатка, како во турско време, за туѓи интереси, а во перспектива на своја штета.
Смрт на фашизмот слобода на народот
МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ