Министерството за одбрана најави дека ќе распореди десет војници во Литванија, на границата со Русија. Се работи за учество во мисијата на НАТО за заштита на балтичките земји од можен руски напад – се работи за мисија воведена по кризата во Украина во 2014 година која честопати се нарекува „лежечки полицаец“.
Поради малиот број на војници на НАТО во балтичките земји, се смета дека тие немаат шанси да ги запрат руските тенкови доколку навистина дојде до инвазија, но евентуалниот напад врз нив треба да служи како поттик за поголема реакција од членките на НАТО.
Македонските војници треба да заминат во Летонија во јули, информира порталот Балканска безбедносна мрежа. Заедно со распоредување на уште 40-ина војници во Косово, ова засилување Македонија ќе ја чини 5,5 милиони евра. Македонија веќе има 70-ина војници во Косово, Ирак, Либија и Централноафриканската Република.