Премиерот Димитар Ковачевски ги претстави влоговите со кои Македонија ќе мора да влезе во грчко-бугарско-американскиот проект Александрополи.
Изградбата на терминал за истоварување на втечнет американски гас и електрична гасна централа ќе ја чини Македонија над 750 милиони евра. Македонија треба да плати 380 милиони за 25 проценти удел во гасната централа која има инсталирана моќност од 800 мегавати (за споредба, РЕК Битола има 700 мегавати). Но бидејќи Грција нема гас, а под американски притисок се откажуваме од рускиот гас, Македонија треба да плати уште 370 милиони евра за само 10 проценти удел во гасниот ЛНГ терминал кој се гради во Александрополи.
Со оваа инвестиција, Македонија ќе може да се надева дека, кога централата ќе проработи, ќе добие струја, а кога ќе изгради гасовод, ќе добие и американски гас – цената на двете е под знак прашање.