По реакцијата на Хелсиншки комитет за изјава на Драган Павловиќ Латас во емисијата на Стефан Лазаров на јутјуб, се огласи Латас со коментар:
Не постои моја изјава никога и никогаш за силување, особено не на кое јас сум присуствувал. Значи нема ни во посочената емисија, подкаст, кој е најпопуларен во државата, а замислете се уште не е под ваша контрола. Кој сака тоа може да го види на самото видео. Кој не сака, а бланко верува на овој самонаречен Хелсиншки коминтет земај доброволно ризик да заврши со испран мозок, како со шарената револуција која ја предводеа. Да ве потсетам, ова се тие кои поттикнуваат промена на пол, откажување од личен, национален идентитет, бришење на татко мајка со именување родител еден и два… , напиша Латас на фејсбук.
https://youtu.be/ja2ZdR3K9RI?t=318