Власта ја користи војната во Украина за да спречи опозициско дејствување и да ги заплашува неистомислениците со закани дека ќе бидат гонети како руски шпиони, вели во гостување на Алфа телевизија, новинарот Драган Павловиќ – Латас. Изминативе десетина дена, првин во Бугарија, а сега и во Македонија, противниците на предложениот план за менување на историјата и македонскиот национален идентитет се обвинуваат дека работат по порачка од Москва.
Ако некоја земја била про-руска, тоа е Бугарија. Нивниот претседател е руски човек. И сега ние не смееме да речеме дека сме против ултиматумот на Бугарија, затоа што можеби ќе не прогласат во Бугарија или кај нас за руски шпиони. Не можеш ти така да се расфрлаш со овие категории, овој е шпион, овој е пропалица. Тоа се кривични категории. Не можеш кривични дела да сееш од ракав, вели Латас.
https://youtu.be/NuHFYIiGQXU?t=1437
Тој бара од власта во Македонија и во Бугарија да излезе и јасно да каже за кого точно се сомнева дека активно работел за Русија, или дека промовирал руски ставови на социјалните мрежи. „Ама вака да исфрлите од ракав… Човекот (бугасркиот премиер Петков) е од вчера во политика, се бави со вештачки ѓубрива, со некоја америчка фирма, и сега се бави со политика и вика ова се руски шпиони. Но нашите се нафатија на целата приказна затоа што се во подредена положба. Им зависи власта од надворешниот фактор. Не смеат да излезат на избори, СДСМ и Ковачевски ќе изгубат, и се шлепаат на оваа ситуација со Украина каде ние не смееме да помислиме уште на нас да се фокусира некој, при целиве секирации, нервози и лудила, па ќе се одложи веројатно целата работа (протестите) на есен. И си вика некој, дај јас да го тргнам ова од прашање на Европска Унија, од прашање на јакиве амбасади во Македонија, само за да останам јас на власт. Што добиваме ние како Македонци од тоа што ти ќе останеш на власт?“, прашува Латас за обидите на Ковачевски да се одржи на власт со помош на кризата во Украина.