Косовскиот премиер Албин Курти вели дека ќе ја исправи грешката во разграничувањето на Косово со Црна Гора, кога 8,200 хектари земја ѝ припаднале на Црна Гора. Курти смета дека тие 8,200 хектари се составен дел на Косово.
Се надевам дека Црна Гора наскоро ќе добие нова влада, со која ќе можеме да разговараме, за разлика од претходната во која имаше проруски елементи, изјави Курти.
Се очекува за нов премиер на Црна Гора да биде именуван Дритан Абазовиќ – кој ќе биде прв Албанец премиер на земјата. Абазовиќ им помогна на про-српските партии да ја урнат Владата поврзана со претседателот Мило Ѓукановиќ, но набргу потоа им сврте грб и самиот доби мандат од Ѓукановиќ да стане премиер.
Во меѓувреме се огласи и се уште актуелниот премиер на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, кој истакна дека неговиот косовски колега дал мошне опасна изјава, со која се загрозува територијалниот интегритет на неговата земја.