Премиерот Димитар Ковачевски остро ги осуди протестите на граѓаните против предлог договорот со кој се врши бугаризација на Македонија.
„Тоа што се случува пред Владата е организирано од партии кои јасно се декларираа против НАТО и ЕУ. Македонија има најуредено законодавство за правата на граѓаните. Секој може да протестира, и јас имам протестирано во други прилики. Но никогаш не се случило, освен еднаш, сега вторпат, да протестираат луѓе со качунки на главите, кои маваат по полицијата, гледате дека имаме повредени полицајци. Недозволиво е за држава членка на НАТО и аспирант за ЕУ да ѝ се повтори 27 април“, изјави денеска премиерот.
Очигледно премиерот има слаба меморија, па затоа со неколку фотографии од шарената револуција ќе се обидеме да го потсетиме како изгледаа тие протести: