Канадската полиција почна да се распоредува околу мостот Амбасадор, кој ги поврзува САД и Канада меѓу Детроит и Торонто, и почна да ги потиснува демонстрантите кои го блокираат мостот веќе неколку дена. Протестите ги предводат илјадници канадски камионџии, кои протестираат против строгите рестрикции воведени да се забави ширењето на корона вирусот, и кои веќе со недели го блокираа главниот град Отава со нивните возила.
Одлуката на камионџиите да го блокираат мостот Амбасадор, преку кој минува повеќе од една четвртина од трговската размена меѓу двете земји, вклучително и важни канадски испораки за автомобилските фабрики во Детроит, предизвика итна реакција од двете држави.
Even though police have been moving in on protesters in Windsor, pushing them back, the crowd size actually seems to be growing. More protesters are arriving and few are leaving. pic.twitter.com/zC44VwqtUA
— Thomas Daigle (@thomasdaigle) February 12, 2022
Канадските власти настапуваат опремени со тешки возила и полициски специјалци. Тие им се закануваат на демонстрантите дека ќе бидат уапсени доколку не ги тргнат своите возила од патот, и дел од демонстрантите се повлекоа. Но, засега блокадата на камионџиите, кои добиваат поддршка од илјадници граѓани, генерално се држи. Веста дека полицијата тргнала да ја пробива блокадата само поттикна повеќе граѓани да се соберат пред мостот, со развиорени канадски и американски знамиња. Дел од нив се таму со своите деца.