Професорот Гордан Калајџиев вели дека практично се мнимални шансите Вилма Русковска да го наследи републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески по нејзиното суспендираше поврзано со „упадот“ на Обвинителството во Финасиската полиција.
„Да биде заменик на Јовески шансите практично се минимални, ако остане ова решение обвинителот да го предлага Владата.
Шансите се можни само доколку се смени власта. Ова може да ѝ донесе поени како борец против влијанија политички, ако успее добро да ги аргументира и ако ја поддржат. До сега гледаме дека нема поддршка, за жал, многу резервирано го следат и меѓународната заедница, и странските амбасади и ЕУ, зачудувачки, можеби бараат повеќе информации. За мене оваа состојба е алармантна во смисла дека се распаѓа правниот систем“ вели професор Калајџиев во интервју за Радио Слободна Европа.
Тој вели дека „во моментот е загрижувачки тргањето на добар дел, практично половина од Обвинителството за организиран криминал, што е практично распад на системот, суспендирање и оставка во Финансиската полиција, и малку е чудно што имаме молк од надлежните институции, Владата, Министерство за правда, дури и Претседателот.
Јас да сум на место на Претседателот ценејќи ја оваа криза како многу проблематична за државата воопшто би свикал дури и Совет за безбедност, по мое, оваа криза е длабока криза на проблем на власта, очигледно дека има некој судир внатре, што доведе до ваков судир меѓу Обвинителството и Финансиската полиција и после се претвори во внатрешен судир меѓу републичкиот обвинител и обвинителката за организиран криминал, што е невообичаено.
Вообичаено е обвинителот да ги поддржи своите, да даде поддршка на своите луѓе и да ги оневозможи притисоците врз нив. Во овој случај државниот обвинител некако како да застана на другата страна.
Дали тоа значи некаква поврзаност со изборот во Уставен суд, или некаква друга?
Ние знаеме дека едноставно нашиот начин на поставување на главен обвинител, кој го предлага Владата, е суштински погрешен и доведува до постојани проблеми на влијание на извршната власт и политичката елита врз Обвинителството, што е многу штетно се разбира, со оглед на хиерархијата внатре во Обвинителството“, вели професорот.