Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски повторно упадна на изјавата која пратеникот на СДСМ Дарко Каевски ја даваше пред седиштето на ВМРО.
Додека Каевски зборуваше за наводите за криминал во ВМРО-ДПМНЕ, Стоилковски гласно го прозиваше за становите кои Каевски ги има купено како пратеник. Стоилковски го обвини Каевски за злоупотреби преку таткото на неговата сопруга Алберт Муслиу, чии бизниси наводно биле вмешани во пропаста на Еуростандард Банката.
Ова е типичен пример како од голтар се станува милионер на 30 години, да се купуваат станови, да решава кој ќе биде конзул, дали зетот или шурата ќе биде конзул… Како направи четири милиони евра и еден куп станови, од кои еден сам си го купил? Многу ти беше тешко и затоа требаше да направиш пари со дедо ти од Еуростандард банка, додека луѓе не знаат како да си ги вратат парите?, прашуваше Стоилковски, додека Каевски го редеше имотот кој е во зградата на опозциската партија: „раскошни лустери, со скап мебел, теписи и уметнички дела. Побогата од партијата на Ангела Меркел, германската ЦДУ..“.
https://www.youtube.com/watch?v=Qqiw5NJnJQ4