Портпаролот на СДСМ Дарко Каевски денеска го постави прашањето за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дали е основач и сопственик на фирмата „Енерготек” и покажа документ со кој се потврдува тоа, но и дека таа фирма заедно со фирмата „Минка ДА” го формира конзорциумот „Минка – Енерготек”. Каевски покажа и документ според кој, додека Мицкоски бил владин советник за енергетика, конзорциумот добил државно земјиште за хидроцентрали.
Портпаролот на СДСМ го постави и прашањето дали провизиите се дел од причината зошто Мицкоски молчи. Тој нагласи дека Мицкоски денеска се обидел да се сокрие од јавноста преку објава на социјалните мрежи каде, како што рече, се правдаше за неговите хидроцентрали.
„За сѐ е подготвен да зборува само за струјата која го повикуваме да се отстапи на граѓаните не, ниту збор“, нагласи Каевски..
Тој додаде дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е познат по своите бизниси со хидроцентрали.
„Тоа е факт што никој не може да го побие. Денес, самиот Мицкоски постојано тврди дека бил загрижен, дека било криза, дека се живеело лошо додека тој се кара внатре во ВМРО-ДПМНЕ за тендери и провизии. Ако навистина е загрижен за енергетиката и за економскиот стандард, тогаш зошто Мицкоски не сака да ја отстапи произведената електрична енергија на граѓаните? Ете му шанса на Мицкоски да покаже одговорност во време на светска економска и енергетска криза“, рече портпаролот.