Саудиска Арабија е најверниот американски сојузник во арапскиот свет. Двете земји веќе со години војуваат против шиитите во Јемен, а САД се главни снабдувачи на Саудијците со оружје.
Но во војната во Украина, Саудиска Арабија се постави неутрално во однос на Русија, а земјите соработуваа и во војната во Либија и во немирите во Египет. Саудијците строго ги контролираат своите медиуми, и поради тоа неодамнешен хумористичен скеч на саудиската телевизија Студио 22 предизвика контроверза. Телевизијата е во државна сопственост, а во скечот актери ги глумат претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис.
Бајден е прикажан како човек кој веќе не знае што прави и што зборува – тој има скоро 80 години и е видно опаднат. „Ќе зборуваме за кризата во Шпанија.. Африка.. Русија“, вели Бајден, кој постојано бара помош од Харис, не знае што треба да каже, заспива на подиумот и на крајот го носат заспан од сцената.
https://www.youtube.com/watch?v=WOhcCPqc4pk