Невремево многу убаво го демонстрираше фушерајот кој ни го продава урбаната мафија за 1500 евра по квадрат. Чест на исклучоците…
Во скоро сите нови згради во Аеродром се поплавија подрумите/подземните гаражи. Ајде тоа, ќе рече некој голема била количината на вода (иако не е оправдување, постојат современи методи!!!), ама кровови да протекуваат на нови згради?
Слично како и со East Gate, каде што фушерајот го видовме за помалку од една година.
Луѓе се заглавуваат во огромни кредити, малтене влегуваат во должничко ропство за да може да си обезбедат покрив над глава по неверојатно нелогично висока цена – за сега да мора пак да фрлаат пари за реновирање…
Да бевме држава, сега инвеститорите, изведувачите и оние кои вршеле надзор ќе плаќаа огромни казни на државата и огромни оштети за оние на кои им продале станови.
Но, не сме држава, па овие бандити ќе продолжат да ви бидат елита во скопскиот живот…, коментира на фејсбук новинарот Љупчо Златев.