За време на интервју со американската телевизија Фокс, украинскиот претседател Владимир Зеленски беше прашан за контроверзната воена единица Азов, во која членуваат нео-нацисти кои со години се борат против Русите. Русија ја обвинува единицата за вршење воени злосторства врз руски цивили и за подгревање на конфликтот кој еруптираше пред еден и пол месец.
На прашањето зошто Украина дозволува нео-нацисти да се борат на нејзина страна и да измачуваат цивили и воени заробеници, Зеленски, кој самиот е Евреин, одговори, „тие се тоа што се“.
Азов е еден од многуте такви батаљони. Тие се тоа што се. Тие ја бранат нашата земја. А да ви објаснам дека сите такви батаљони подоцна беа вклучени во редовната украинска армија. Борците Азов веќе не се самостојна група, тие се дел од украинската армија. Во 2014 година имавме случаи кога наши доброволци беа опколени и притоа тие ги кршеа законите на Украина. И за тоа беа судени, и осудени на затвор, рече Зеленски.
Се смета дека најголем дел од единицата Азов е опколена во индустрискиот центар на градот Мариупол, каде трпат тешки загуби од неколкунеделната опсада.
https://twitter.com/SAQI8732T/status/1510495540714172420