Во вчерашното интервју во емисијата „Во Центар“, Фросина Ременски изнесе низа тврдења кои може само да предизвикаат шок кај обичниот гледач поради криминалите кои во позадина се случуваат, а никој од надлежните институции, конкретно МВР и Јавното обвинителство, не реагираат.
Таа во емисијата з апрв пат проговори за потоење на фамозното „жолто комбе“, кое всушност не е жолто, туку сребрено кое било на територија на Р.Македонија, а во едно и на територии на земји членки на Европска Унија.
Тоа фамозно комбе е опремено со тактичка опрема кое има за цел да имитира лажна базна станица и да ги пресретнува сите повици кои се обраќаат кон локацијата каде е поставено и да ги прислушува и тоа во радиус од 6 километри!
Ова значи дека доколку сребреното комбе било поставено во Град Скопје, во радиус од 6 километри може да ги пресретнува и прислушува сите појдовни и дојдовни повици на сите државни институции и функционери.
Фросина Ременски има сериозни докази дека тоа комбе било на територија на Р.Македонија, конкретно во Град Скопје и токму поради тоа има поднесено Кривична пријава до Јавното обвинителство, лично до Јавниот обвинител Љубомир Јовевски со барање најургентно да се постапува и да се спречи излез на истото надвор од границите на државата.
Останува отворено прашањето, дали Јавното обвинителство постапува по кривичната пријава на Фросина Ременски и какви мерки за обезбедување на докази се превземени?
https://www.youtube.com/watch?v=fmKQmtx2-VY