Новинарот Васко Ефтов во емисијата Во центар го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека стои зад протестот на просветните работници кои ги користи за да дојде на власт. Според Ефтов, Мицкоски ќе врши притисок за предвремени избори затоа што знае ако тоа не се случи пред да се реши спорот со Бугарија дека го пропуштил возот.
-Македонија бидејќи е хибриден режим ќе го следи примерот на Србија и Унгарија. Затоа се овие барања на Христијан Мицкоски. Затоа се овие протести на даскалите за Даскалот да дојде на чело на државата. Бидејќи знае ако се реши македонско-бугарското прашање и ако нема избори сега кога е ескалацијата на украинската криза дека возот може да помине и да не застане на станицата каде што го чека Христијан Мицкоски. СДСМ ќе биде рушено по истиот принцип што беше рушен Бранко Црвенковски во деведесеттите. Со протести, со тензии, со елиминација на поединци од врвот на партијата. Имам чувство дека одредена групација на Завиша филм, Александар Николовски, рестови на обвинителството под контрола на Русковска, како да одлучуваат кој функционер на СДСМ ќе биде егзекутиран. Со мицковизмот додека не се расчисти во ВМРО ДПМНЕ како втора фаза на груевизмот нема да се нормализира таа партија. Се додека не се нормализира партијата ние ќе влегуваме од криза во криза, вели Ефтов.
https://www.youtube.com/watch?v=UBAGrPE0zhQ